Услуги за клима уреди — Скопје
Сервис, хемиско чистење клими, монтажа, демонтажа и одржување на клима уреди на територијата на Скопје.
Сервис и поправка на клима уред
Погледнете и: клима мајстор Скопје · сервис клима · полнење фреон
- Сервис на сите типови клима уреди — инвертери и обични сплит системи
- Замена на компресор
- Поправка на електроника и сонди, или заменска нова електроника
- Замена на електрични стартни кондензатори
- Замена на електрични вентилатори, перки и турбини
- Замена на вентили и четворокрак вентил
- Замена на оригинален или универзален далечински управувач
- Полнење и промена на сите типови фреон
Хемиско и антибактериско чистење
Чистење на клима уреди со активна пареа на 100 °C што ги уништува бактериите во длабочината на изменувачот.
Придобивки: капацитетот на уредот повторно на 100%, потрошувачката на електрична енергија се намалува за 30–40%, воздухот е почист — побезбедно за целото семејство.
Монтажа и демонтажа
Монтажа и демонтажа на нови и половни клима уреди. При расклопување најважно е да се зачува фреонот во системот — така ги избегнувате дополнителните трошоци за полнење.
Работиме внимателно за да се избегне физичко и механичко оштетување на ѕидовите и деловите на климатизерот.
Генерален годишен сервис
За квалитетно греење и ладење, климатизерите треба редовно да се одржуваат. Филтрите за прашина перете ги најмалку еднаш месечно (или почесто при интензивна употреба).
Со чистење на филтрите се добива поголем проток на воздух и се зголемува енергетската ефикасност. По чистењето следи дезинфекција и перење на надворешната единица.
Предности од редовното одржување
-
Здравје
Помал ризик од настинки, алергии и астма
-
Хигиена
Без непријатни мириси и капење од внатрешната единица
-
Економичност
До 30% помала потрошувачка на енергија
-
Функционалност
Поголема ефикасност и подолг век на уредот